Нова територијална организација на Франција

Париз, 20 ноември 2014 (МИА) - По шестчасовна расправа, француското Национално собрание го усови текстот, со кој започнувајќи од 2016 година во Франција ќе има 13 наместо постоечките 22 региони, јави дописникот на МИА од Париз.

Последната расправа во Собранието помина со страсни говори и обвинувања, посебно на пратениците од редовите на опозициската Унија на народното движење (УМП) од Алзас, кои се против фузијата на нивниот регион со регионите Лорен и Шампањ-Ардени.

- Ниту една карта нема да постигне едногласност, ја бранеше реформата на територијалната организација, државниот секретар за територијална реформа Андре Валини. Според него, Владата нема намера „ниту да ги повреди, ниту да ги избриши локланите идентитети“, потсетувајќи дека Французите ја очекуваат оваа реформа.

Според едно испитување на јавното мислење, 56 проценти од Французите го поддржуваат принципот на фузирање на регионите.

Пратениците на УМП од Алзас, единствен регион кој е во рацете на десницата и кој важи за еден од најбогатите во Франција се до крај се надеваа дека Алзас, иако мал регион, ќе остане самостоен.

- Во кое општество можеме да ги ожениме или мажиме луѓето со сила?, се прашуваше пратеникот од Горна Рајна, Жан-Лук Реицер, додека Лоран Фурст од Долна Рајна, со многу помпезност потсети дека „историјата не научила да доживуваме тешки моменти, но исто така и да не се откажуваме“. Како демонстрација на абсурдноста на фузијата на регионите, еден друг пратеник од Горна Рајна, Ерик Страуман, го бранеше амандманот со кој се бараше Франција да биде поделена на два региони: Ил де Франс (Париз и парискиот регион) и провинцијата.

Пратениците од Алзас ја добија поддршката на поранешниот претседател на Франција Никола Саркози, кој само десет дена пред изборите за претседател на опозициската УМП, од Мулуз (Алзас) порача дека ако партијата се врати на власт, повтроно ќе ја промени картата на регионите.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казенев од своја страна сакаше да ја смири полемиката, порачувајќи дека Стразбур со фузијата на сегашните три региони во само еден ќе ја зајакне својата позиција како „европска престолнина“, со што ќе стане административен центар на еден голем регион. Тој пртиоа гарантираше дека посебните закони кои се во сила во Алзас и во Мозел, кои се од времето на нивната окупација од Прусија, ќе останат и натаму во сила.

Фузијата на регионите предизвикува незадоволство и кај некои социјалисти, како Бернар Роман, кој се обиде напразно да ја одложи за три години многу критккуваната фузија на регионот Норд-Па-де-Кале со Пикардија.

Исто така, останаа неуспешни и обидите за фузија на Миди-Пиренеји со Аквитен, наместо фузијата на Лангедок-Русијон со Миди-Пиренеји. Исто така, не беше возбоновена ниту историската Бретања со пет департмани.

Вториот дел од законот ќе биде усвоен наскоро, кога треба да се утврди изборниот календар, со кој регионалните избори ќе биде одложени од март во декември 2015 година.

Законот за територијланата поделба ќе треба свечено да биде изгласан на 25 ноември 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...