Авиони на НАТО пресретнале 400 пати годинава руски воени авиони околу Европа

 

Амари, 20 ноември 2014 (МИА) - Авиони на НАТО пресретнале 400 пати оваа година руски воени авиони во воздушниот простор околу Европа, што е зголемување за 50 отсто во споредба со минатата година, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

- Во Балтичкото, Норвешкото и Црното Море, во воздушниот простор околу НАТО, станавме сведоци на засилена руска военовоздухопловна активност. Тие не ги почитуваат плановите за летање и не комуницираат со цивилната воздушна контрола, рече шефот на НАТО пред американски, германски и естонски војници во обновената и проширена военовоздухопловна база во Амари, во западна Естонија, каде некогаш постоела советска воена база.

Според него, на тој начин летовите создаваат опасност за трговското воздухопловство.

- Тие дејствија се опасни и неоправдани и затоа НАТО останува буден. Ние сме тука и сме подготвени да ги штитиме сите наши сојузници од секакви закани, рече Столтенберг откако се сретна со естонскиот премиер Таави Ривас. 

- Повеќето такви летови се во близина на воздушниот простор на НАТО, со многу мал број нарушувања. Северноатлантската алијанса исто така ќе го зајакне своето присуство, распоредувајќи пет пати повеќе ловци по источната граница од почетокот на 2014, рече Столтенберг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...