Италијански лекар заболе од ебола

Рим, 24 ноември 2014 (МИА) - Италијански лекар кој работел во Сиера Леоне, стана првиот Италијанец заболен од ебола, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство.

Во соопштението се посочува дека примероци земени од лекарот потврдиле дека тој е инфициран од вирусот на еболата, по што веднаш е пренесен на лекување во Рим.

Лекарот, чие име не е соопштено, бил ангажиран од невладината организација „Имерџенси“.

Тој ќе биде лекуван во Националниот институт за инфективни болести „Лаѕаро Спаланцани“ во Рим.

Италијанската министерка за здравство Беатриче Лоренцин информира дека лекарот во текот на минатата ноќ имал треска и други симптоми на еболата, но дека веќе претпладнево се чуствувал подобро.

Лоренцин нагласи дека биле преземени сите мерки за да се обезбеди сиргурен транспорт на пацинетот во Италија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...