Шкотска добива поголеми овластувања

Единбург, 27 ноември 2014 (МИА) - Шкотска е подготвена да добие нови поголеми овластувања, вклучувајќи и одредување сопствени даночни стапки на приход, оцени меѓупартиската Комисија која ги разгледува плановите за дополнителна деволуција на оваа британска покраина.

- Препораките за договорот ќе резултираат со највисок пренос на овластувања на шкотскиот Парламент од неговото постоење, изјави Роберт Смит, кој претседаваше со комисијата, во која се вклулени претставници на пет политички партии. - Прламентот е ќе биде посилен, поодговорен и поавтономен, додаде Смит.

Комисијата беше формирана по ветувањата на трите најголеми партии во Велика Британија дека имаат намера да и дадат поголема автономија на Шкотска, доколку на рефендумот за независнот, кој се оддржа во септември, Шкотланѓаните гласаат против отцепување оо Обединетото Кралство.

Меѓу останатите предлози за овлстивање кои ќе му бидат препуштени на Единбург се и контролата на данокот на авиопревозот, некои исплати на социјани давачки, како и правото лицата на 16 и 17-годишна возраст да можат да гласаат на избори. Одлуката за коорпоративниото оданочување и понатаму ќе се донесува на национално ниво.

Британскиот премиер Дејвид Камерон изрази големо задоволство за изнесените предлози.

- Ова е добар ден за Обединетото Кралство... Го одржуваме ветувањето дадено на шкотскиот народ, рече Камерон, кој е и лидер на Конзервативната партија.

Тој вети дека до Божик ќе предложи план за давање поголеми овластувања на Англија, кое е едно од клучните барања на поддржувачите на конзервативците во Англија, кои имаат забелешки поради зголемената деволуција на Шкотска.

Предлог-законот за давање поголеми овластувања на Шкотска ќе бидат подготвен до 25 јануари.

Шкотската премиерка Никола Старџон изјави дека изнесените предлози на Комисијата не пртставуваат „вистинска власт“.

- Ги подразбирам сите нови овластувања и воедно ми честитам на Лордот Смит, но 70 проценти од нашиот данок и 85 проценти од социјални давачки остануваат во Вестминстер, рече лидерката на сепаратистичката Шкотска националната партија (СНП).

На рефендумот во септември, 55 проценти од Шкотланѓаните гласаа против независност на Шкотска, а 45 проценти беа за.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...