Едно лице загина, тројца се исчезнати во поплавите во Франција

Париз, 28 ноември 2014 (МИА) - Една жена загина синоќа, а тројца се сметаат за исчезнати во Југозападна Франција како резултат на поплавите, предизвикани од силните бури, изјави министерот за внатрешни работи Бернар Казeнов.

Телото на жената е пронајдено надвор од автомобилот и на брегот на реката, соопштија властите во депарманот Вар. Нејзината ќерка не била пронајдена, и исто така се претпоставува дека загинала.

Спасувачките тимови ја пребараа синоќа реката крај гратчето Ла Лонд во истиот реон по преживеани, откако очевидци соопштија дека возило било однесено од надојдените води.

Поплави, причинети од поројни дождови блокираа вчера 130 деца во две училишта во места во близина до Сен Тропе, Јужна Франција. Децата веројатно ќе ја поминат ноќта во училиштата заедно со наставниците, соопшти префектурата во департманот Вар. 

Спасувачите категорично им препорачале на родителите да не се обидуваат да стигнат до блокираниот реон, и ги увериле оти животот на нивните деца не е во опасност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...