САД одговорни за две третини од судирите во светот

Москва, 28 ноември 2014 (МИА) - Мешањето на САД во внатрешните работи на државите ширум светот не донесе ниту мир, ниту демократија, изјави синоќа заменик-рускиот министер за одбрана Анатолиј Антонов.

Тој во обраќањето пред колегите на самитот на земјите од јужна и југоисточна Азија во градот Коломбо во Шри Ланка рече дека американскиот експеримент на примена на двојни стандарди, кој се гледа и во поддршка на терористи, предизвикува натамошна дестабилизација во светот.

- Размислете малку, во текот на последните неколку децении САД иницираа две третини од сите воени конфликти во светот. Присетете се како сето тоа се заврши во Југославија, Ирак, Авганистан и Сирија, истакна Антонов.

- Искористувањето на социјалните и економски потешкотии, различните етнички и верски судири и под изговор на ширење демократија, западните политички „спин“ доктори изнесуваа популистички слогани за да поттикнат незадоволство на јавноста, што резултираше со масовни судири, рече рускиот заменик-министер.

- Како последица на тоа, се соборуваат влади, се шири хаос, злоупотреба на моќ и беззаконие, луѓето умираат, а во некои случаи на власт на доаѓаат режими кои му одговараат на Западот. Секако, терористите се чувствуваат добро при такви услови, рече Антонов.

Тој ги повика американските власти да се „откажат од двојните стандарди во примена на антитерористички мерки“ и да престанат да ги делат терористите на добри и лоши.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...