Молдавискиот Апелациски суд и забрани на проруска партија да учествува на парламентарните избори

Кишињев, 28 ноември 2014 (МИА) - Молдавискиот Апелациски суд донесе одлука според која проруската политичка формација „Патрија“ (Татковина) нема право да учествува на парламентарните избори в недела, бидејќи незаконски е финансирана од странство. Одлуката на Апелацискиот суд може да биде оспорена пред Врховниот суд. 

Партијата ја раководи бизнисменот Ренато Усати, кои има деловни односи со руските државни железници. Оваа недела се појавија видео снимки, на кои тој вели дека ги претставува руските бизнис интереси во Молдавија. 

Усати, кој е против приклучувањето на Молдавија во Европската унија и ја обвинува Владата за корупција, ја потврди автентичноста на снимките, но појасни дека за време на разговорот блефирал. Тој демантира дека добива финансиска помош од странство и тврди дека оваа одлука е политичка. 

Анкетите покажуваат дека Партијата на Усати има поддршка од 13 отсто од гласачите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...