Ограничување на социјалните бенифиции за имигрантите од ЕУ

Лондон, 28 ноември 2014 (МИА) - Британската Влада значително ги заострува условите под кои имигрантите од ЕУ ќе може да ги користат фондовите за разни социјални бенифиции, па дојденците од земјите членки на Унијата, во иднина ќе мора да чекаат четири години, пред да може да аплицираат за помош од државата.

Европските имигранти сега ќе мора прво да престојуваат и да работат најмалку четири години во Велика Британија, пред да може да побараат социјални бенифиции, како што се исплата на социјална помош, или добивањето на општински станови.

Ваквите станови кои се во сопственост на општините, им се доделуваат на социјално загрозените семејства. За овие станови, нивните корисници не плаќаат кирија, ниту ги плакаат потрошените комунални сметки или давачките што сите другите и ги плакаат за општината.

Според досегашните мерки, дојденците од некоја од земјите на ЕУ, по автоматизам имаа право на користење на сите социјални бенифиции кои се определени за британските државјани. Владата на премиерот Камерон,а посебно конзервативците во неа, сметаат дека треба да се прекине со оваа пракса,затоа што не ретко таа е злоупотребувана од имигрантите од ЕУ кои доаѓаат во Британија, не за да работат, туку само за да ги користат нејзините богати социјални фондови.

Ваквите злоупотреби, Владата во Лондон ги означува како „социјален туризам“ и најави негово искоренување и покрај противењето од Брисел. Камерон на неколкупати досега навести дека ограничувањата за европските имигранти не само што е потребно и оправдано, туку и дека тоа ќе биде дел од преговорите што британската Влада сака да ги води со Брисел за идниот статус на Велика Британија во ЕУ, како и за тоа дали да остане или да ја напушти Унијата.

Новите построги мерки за ограничување на правата за користење на социјалните фондови за имигрантите од ЕУ, доаѓа во време на силна антиимиграциона и антиевропска кампања што ја предводат домашните евроскептици. Камерон е подолго време под пристисок на евроскептиците во неговата Конзервативна партија за „да се пресмета“ со Брисел, што е засилен по забрзаниот подем на антиевропската Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП).

Последните податоци на Државното биро за статистика покажува дека владата не успева да го запре имигрантскиот наплив, па до јуни оваа година во Британија се регистрирани 260 илјади „нето“ имигранти. Тоа е бројка што се добива откако ќе се оддели бројот на дојдените од оние кои си заминале и таа годинава е поголема од нивото во 2010 година, кога беа одржани последните парламентарни избори.

До крајот на јуни годинава, во Британија дошле 228 илјади имигранти од држвите во ЕУ, најголемиот број од нив од источните делови на Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...