Путин и Ердоган

Судејќи според тоа каков оддек во провладиниот печат во Турција имаше посетата на Путин и економската соработка со Русија, се добива впечаток дека рускиот лидер го освоил срцето на Анкара.

Анкара на која и недостасува љубовта, што според неа, не ја добива доволно од Западот, е „опиена“ од дувањето на топлиот ветар од Москва. Коментарите кои доминираа во медиумите блиски до турскиот лидер се доказ дека тие кругови целосно ја загубиле својата способност за рационално размислување. Тие повеќе не се брануваат од фактот дека Асад, по чија вина во Сирија загинаа повеќе од 250 илјади луѓе, продолжува да се држи „на нозе“ благодарение само на поддршката од Русија.

На преговорите исто така во пракса не беше отворано прашањето поврзано со кримските Татари. Дури и да било отворено, веројатно на Путин нема да му било тешко да ја убеди Анкара дека исто како во Сирија и на Кавказ, Русија ги користи сите можности за да се постигне мир, како што го стори тоа на Крим и во Украина.

Во секој случај Турција треба да има специфична политика кон Русија и Иран. Таа политика не треба да води кон независен пристап и позиција во споредба со приоритетите на меѓународните институции, од кои дел е и Турицја, како НАТО. Не е правилно ниту етички да се нарушува ембаргото кое го воведе НАТО кон Русија поради нејзината политика во Украина.

На пример, ако утре имаме проблеми со Русија во Црното Море или во теснеците, како ќе очекуваме солидарност и поддршка од Западот? Во право сте, наивно е да покренуваме слични прашања кон оние кои не очекуваат поддршка од тие кои не ни се допаѓаат. Го оставам настрана тоа прашање.

Дали е многу да очекуваме логична руска анализа базирана на објективни факти и статистики? Нема сомнеж дека посетата на Путин на Анкара е успешен чекор за Москва од гледна точка на момент и цел. Но. можеме ли да го кажеме истото за Анкара? Посетата на Путин на Анкара имаше за цел да биде ослободен од ефектот од санкциите како и да се дојде до нови пазари за гас, нафта и уран.

Да се соработува со такви пазари како Кина, Индија, Турција е важно не само во услови на ефективни санкции. Нормално дека Путин е среќен, од кого сме 65 процени зависни во сферата на енергетските ресурси. Но, не забележува ли Анкара дека во сферата на енергетиката „сите јајца се редат во една кошница?“ Зарем не ни беше доволна се поголемата зависност од „Газпром“, па на „Росатом“ и на Путин му беа предадени и прерогативите од областа на нуклеарните технологии. Зарем тоа не е ризично?

Претпоставувам дека за да не пристигне во Турција со празни раце, во Анкара Путин го погреба „Јужен поток“ – проект кој и без тоа можеше да се смета за „мртов“. Путин за тоа ја обвинува Бугарија, а шефот на „Газпром“ Алексеј Милер – пречките од страна на ЕУ.

Како што е познато, „Јужен поток“ беше предложен како алтернатива на проектот „Набуко“, чија цел беше да се намали зависноста од Русија. Во споредба со „Набуко“, за „Јужен поток“ се потребни три пати повеќе средства, затоа што требаше да минува по дното на Црното море.

Кога цените на нафтата и гасот беа високи, некои земји од ЕУ забележуваа дека ова решение не е економска, туку политичка поддршка на тој проект. На пример, Италија тврдеше дека со помош на тој гасовод ќе може да добие не само гас, туку и приход од 5 милијарди долари за изградбата на проектот. Затоа и беше негов адвокат во Брисел.

Но, кога цените на нафтата и гасот нагло паднаа, кај Путин од една страна не останаа пари за „политички проекти“, а од друга – курсот на руската национална валута силно опадна. Затоа што основен извор за буџетските приходи на Русија се приходите од продажбата на нафта и гас, основната грижа на Путин денес сепак не е „Јужен поток“, туку зачувувањето на мирот на плоштадите и по улиците во градовите поради заканата од неизбежните социјални кратења.

А изворот за можни протести е познат: „надворешни сили“. Ако Ердоган се радува дека во Анкара е погребан трупот на мртвородениот „Јужен поток“, зошто тоа и да не се случи, си пресметал Путин, наоѓајќи на тој начин можност да им укаже на НАТО и ЕУ до каде се простира нивната соработка.

А што прави Анкара? Каква позиција зазема Турција? Не сме ли веќе отуѓена членка на НАТО, не се кандидираме ли повеќе за членство во ЕУ? Гледаме дека не случајно европскиот печат наоѓа толку многу сличности меѓу Путин и Ердоган.

Заман - Истанбул



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...