Британските либерали бараат испрашување на Тони Блер околу „тортурата“

Лондон, 17 декември 2014 (МИА) - Британската Либерално демократска партија и нивниот лидер Ник Клег побараа, поранешниот премиер Тони Блер да биде испрашуван од парламентарната Комисија за разузнавање и безбедност, околу примената на „тортура“ при испрашувањето на осомничените за тероризам.
 
Барањето на Клег, кој е заменик премиер, а неговата партија е помал партнер во сегашната владина коалиција во Велика Британија, доаѓа по публикувањето на извештајот на американскиот Сенат, што го изготвија само сенаторите-демократи, за „недозволените мерки“ на ЦИА кон осомничените терористи,по нападите врз Њујорк и Вашингтон од 11 септември 2001 година.
 
Либералите бараат пред британската Комисија да биде сослушуван и поранешниот министер за надворешни работи Џек Стро, а ваквата позиција ја поддржуваат и неколкумени угледни конзервативци од партијата на премиерот Дејвид Камерон.
 
Парламентарната комисија веќе најави сопствена истрага за „откритијата“ што ги направи Сенатот на САД и за „тортурата“ за која се обвинува ЦИА, а нејзиниот претседател, Малколм Рифкин, поранешен шеф на Форин Офисот, во владата на Џон Мејџор, побара од американската Агенција да ги добие „оригиналните материјали“ а не само она што е содржано во материјалот на Сенатот.
 
Во него нема ништо за евентуалното британско „учество“  во постапките на ЦИА, а Даунинг стрит 10 призна дека британските разузнавачки агенции барале од Американците да не ги публикуваат оние делови кои се однесуваат на британско-американската соработка. Во признанието на кабинетот на Камерон се вели дека тоа барање не се однесувало на прикривањето на евентуалната примена на тортура од страна на британскките агенции, туку на заштитата на британските државни интереси.
 
Ова не е првпат, либералите и разните левичарски групи во Велика Британија да бараат истрага, инсистирајќи дека домашните разузнавачки агенции „не се невини“ во таа работа.
 
Поранешните лабуристички влади на Блер и Гордон Браун ги отфрлаа ваквите обвинувања, но некогашниот министер Џек Стро, беше испрашуван од полицијата во врска со тужбата на двајца поранешни заточеници во Гвантанамо. Станува збор за британски муслимани кои бараат отштета на британската влада, тврдејќи дека биле испрашувани од  странски служби, но прашањата за тоа биле од оперативците на МИ6.
 
Барањата на Клег за сослушување на Блер, предизвика реакција на поранешниот премиер. Претставник на Блер изјави дека тој од секогаш бил и се уште е против секаква примена на тортура. Овој претставник цитираше една поранешна изјава на Блер за тоа дека „борбата против радикалните исламисти е борба за човечките вредности, а тортурата е спротивна на тие вреднисти,па не само што е погрешна мерка, туку е и контрапродуктивна“.
 
Лондонски „Тајмс“ во еден свој коментар, меѓутоа, првпат ја покрена дилемата за тоа дека „тортурата понекогаш можеби е и потребна, доколку треба да се заштитат невини човечки животи“.
 
Истражувањето што е направено во САД по обвинувањата против ЦИА, покажува дека повеќето Американци се согласуваат со една ваква позиција за која зборува лондонскиот весник. Повеќе од 51 отсто од луѓето во САД поддржуваат тортура кога станува збор за безбедноста на земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...