Чешкиот претседател со новогодишна порака на приватна телевизија

Прага, 18 декември 2014 (МИА) - Новогодишната порака на претседателот на Чешка Милош Земан ќе се емитува во живо на приватната телевизија ,,Нова", информираа од неговиот Кабинет, по што се отвори дебата зошто ја преферира оваа телевизија пред јавниот сервис ЧТ.

Според портпаролот Јиржи Овчачек се работи за продолжување на традицијата која се востанови минатата година, кога исто така за време на Божик беше емитувана изјавата на Земан, јави дописникот на МИА од Прага. 

Говорот на чешкиот претседател, државната телевизија ЧТ ќе го емитува на Чешкото радио и за разлика од претходните години, ќе го пушти само на својот канал ЧТ 24, кој важи за помалку гледан од првиот канал на јавниот сервис.

Претседател Милош Земан неодамна неколку пати ја критикуваше чешката државна телевизија ЧТ. Во еден случај, тоа беше поради кратење на неговата изјава, како и поради технички проблеми за време на пренос на предавањето на државни признанија.

Чешкото радио пак, доби укор од Советот за радио и телевизиско емитување заради тоа што дозволило во неговата програма претседателот да употреби неколку непристојни зборови. Медиумот за тоа беше критикуван и од Советот на Радиото. 

Годишниот говор на Земан, минатата година беше помалку гледан за разлика од пораките на претходните претседатели, кои зборуваа во живо на 1 јануари и пред екраните на Чешката национална телевизија привлекуваа над еден милион гледачи.

Минатата година, говорот на Земан го следеле 788.000 луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...