ЕУ ја прогласи дебелината за инвалидитет

Брисел, 19 декември 2014 (МИА) - Европскиот суд за правда ја прогласи прекумерната тежина за инвалидитет, што може да значи дека работодавачите морат да ги третираат дебелите работници, чија тежина ги спречува целосно да ги извршуваат своите обврски, како лица со инвалидитет.

Случајот го покрена воспитувачот од Данска, Карстен Калтофт, кој тврди дека е отпуштен од работа затоа што не можел да ги извршува своите обврски поради килограмите. Иако Калтофт тврди дека неговите 158 килограми биле споменати при врачувањето на отказот, неговите работодавачи негираат дека тоа било причина за прекин на договорот.

Работници од синдикатот ФОА во Данска, кој го покренале случајот пред суд во негово име, сметаат дека станува збор за неправедно отпуштање од работа.

Данскиот суд побарал од Европскиот суд да прецизира дали европските закони забрануваат дискриминација врз основа на дебелина и дали прекумерната тежина може да се смета за инвалидитет.

Во пресудата се наведува дека  „под одредени околности, дебелината на работникот може да претставува физичко, ментално или психолошко ограничување, кое во комбинација со други препреки може да спречи ефикасно учествување во професионалниот живот на исто ниво со останатите работници, а неспособноста која е долгорочна, како што е случајот со дебелината, може да се смета за инвалидитет во онаа смисла која е дефинирана со закон“.

Со оваа одлука работодавачите ширум Европа ќе мораат да се изложат на дополнителни трошоци со цел да ја прилагодат работната околина на работниците со прекумерна тежина. Вработените ќе можат да бараат поголеми седишта, специфични паркинг места, пошироки врати и други услови за работа.

Според статистиката на Светската здравствена организација, врз основа на проценката од 2008 година, околу 23 отсто Европјанки и 20 отсто Европјани спаѓаат во категоријата на лица со прекумерна тежина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...