Полицаец убиен во центарот на Ливерпул

Ливерпул, 19 декември 2014 (МИА) - Еден полицаец е убиен на улица, а двајца се повредени во нападот што бил извршен во центарот на Ливерпул, соопшти полицијата на англиската област Мерсисајд.

Инцидентот се случил рано утринава,околу 04,00 часот по британско време, во близината на популарниот ноќен клуб „Алоха“ кој важи за омилено место на младите ливерпулчани.

Во соопштението се вели дека полицијата била известена за нападот, но при увидот било утврдено дека убиениот е младиот полицаец Нил Дојл (36). Тој и двајцата други полицајци не биле на должност и биле во цивилна облека.

Ранетите полицајци се префрлени во болница,со повреди на лицето. Според изјавата на лекарите, повредите не се опасни по нивните животи.

Засега не се знае мотивот за нападот, а полицијата трага по сторителот на убиството и по напаѓачите, верувајќи дека не станува збор за еден.

Се претпоставува дека тројцата биле во ноќниот клуб, но истрагата треба да утврди дали претходно имало каков било  контакт на сторителите на убиството со жртвата и со неговите другари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...