Легалното продавање на канабисот може да и донесе на Франција 1,8 милјарди евра приходи

Париз, 19 декември 2014 (МИА) - Евентуалната легализација на канабисот –марихуната, во рамките на јавен монопол, може да и донесе на француската држава 1,8 милјради приходи, се вели во студијата на групата „Тера Нова“, јавува дописникот на МИА од Париз.

Дебатата за легалната консумација на канабисот не е нова, и се отвора речиси на секои две години, но во меѓувреме некои експерименти со легализацијата успеаа, како тие во Колорадо (САД). Сега се поставува прашањето од друг агол - потребно е да се легализира канабисот за да се собере финансискиот профит, кој сега оди во паралелната –подземна економија.

Групата за размислување „Тера Нова“, која важи за блиска до владејачките социјалисти, оди во насока дека е потребно да се легализира канабисот.

Заклучоците на специјалистите се исти како и при претходниот извештај од 2011 година, односно дека актуелната политика која се води во Франција за борба против канабисот е неуспешна.

Специјалистите замислија три можни сценарија со цел да се надополнат пропустите на системот: депенализација, легализација во рамките на јавен монопол и легализација во конкурентска рамка.

Втората можност е таа која ја посакуваат изработувачите на студијата, бидејќи со тоа државната каса би се наполнла со 1,8 милијарди евра од продажбата на канабисот.

Според проценките, во Франција има околу 500.000 секојдневни пушачи на канабис. Истовремено за борбата протоив канабисот годишно се трошат 568 милиони евра.

Треба да се знае дека специјалистите за борба против зависноста од наркотици е на мислење дека канабисот е исто толку опасна дрога, како и другите така наречени „посилни дроги“ за здравјето на редовните потрошувачи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...