ЕУ со нови санкции за Крим

Брисел, 19 декември 2014 (МИА) - Земјите-членки на Европската унија денеска забранија инвестирање на Крим, стопирајќи ја европската помош за експлоатација на нафта и гас од Црно Море и им забранува на европските патнички бродови да впловат во пристаништата на Крим, објави „Блиц“.

Во согласност со најновите санкции, на Европејците и на европските компании им се забранува да купуваат недвижен имот и компании на Крим или да ги финансираат тамошните фирми, се наведува во соопштението на ЕУ.

Новите мерки, кои се дел од европската политика за непризнавање на руската анексија на Крим, стапуваат во сила утре.

Со новите санкции европските компании нема да можат да извезуваат стока и технологија која се користи во експлоатацијата и производството на нафта и гас на Крим, но и во секторите транспорт, телекомуникации и енергетика.

На европските компании им е забрането и да понудат техничка помош, како и градежни или инженерски услуги кои се поврзани со инфраструктурата во истите сектори.

Со новите санкции на европските компании нема да им биде дозволено и да нудат туристички услуги на Крим, а европските патнички бродови нема да можат да впловат во пристаништето на Крим, освен во вонредни ситуации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...