Санкциите на ЕУ може да ја дестабилизираат Русија

Берлин, 19 декември 2014 (МИА) - Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер изрази денеска загриженост дека санкциите на ЕУ против Русија поради Украина може да ја дестабилизираат и предупреди за опасноста од нивно дополнително зајакнување. 

Изјавата на Штајнмаер за германскиот неделник „Шпигел“ покажува можно ублажување на позицијата на овој министер, член на традиционално пријателски настроената кон Русија Германска социјалдемократска партија, што досега се придржуваше кон строгата позиција на канцеларката Ангела Меркел кон Москва.

Германскиот министер нагласува дека драстичниот пад на рубљата и намалувањето на цените на енергенсите создаваат економска и финансиска криза во Русија, што ќе влијае на политичкиот пејсаж во земјата. 

- Не може да е во наш интерес тоа да излезе надвор од контрола, изјави Штајнмајер, додавајќи дека треба да се има предвид тоа при политиката на санкции. 

Германскиот министер изрази загриженост за опасноста од дестабилизација на Москва, ако Европа не ги намали санкциите. Тој истакна дека кризата во Русија ќе создаде само поголема несигурност и затое е против дополнителни санкции. 

Државните раководители од ЕУ денеска ја предупредија Русија дека се подготвени да продолжат со санкциите, ако претседателот Владимир Путин не се повлече од Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...