Виена, 20 декември 2014 (МИА) - Австриец и Турчинка вчера се уапсени во авион, кој требало да полета од Виена за Истанбул, откако во нивната торба била откриена автоматска пушка, соопштија денеска австриските власти.
- Двојката веќе се качила во авион, кога во нивниот багаж од аеродромскиот персонал била откриена автоматска пушка и муниција, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи.
Двајцата уапсени планирале да и се приклучат на џихадистичката група Исламска држава.
За случајот е покрената истрага.