Нападот во „Шарли ебдо“ го извршиле три лица

убиени четворица од водечките карикатуристи

Париз, 7 јануари 2015 (МИА) - Нападот во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во Париз денеска е извршен од три лица, изјави министерот за внатрешни работи на Франција Бернар Казнев. 

Тој истакна дека се преземени сите мерки за што е можно поскоро пронаоѓање на сторителите на овој варварски чин. Казнев не изнесе повеќе детали. 

Според очевидци и снимки и од камерите нападот е извршен од двајца тешко вооружени мажи, по кој тие влегуваат во автомобил и успеваат да побегнат од местото на инцидентот. 

Казнев изјави дека нападот се убиени 12 лица, а ранети се осум, од кои четворица се во критична состојба. 

Во нападот се убиени четворица водечки карикатуристи на „Шарли ебдо“. Станува збор за Шарб, Кабјо, Волински и Тинјос. Тие биле идентификувани од лице кое го преживеало нападот. 

Последниот твит кој неделникот пред неколку часа го објавил на својот налог на Твитер се однесувал на лидерот на џихадистичката групација Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади. 

Твитот е обајвен на налогот на неделникот само еден час пред нападот.

На карикатурата Багдади испраќа честитки до читателите, особено за добро здравје.

- Се одмаздивме за пророкот Мухамед, извикувале мажите, кои отвориле оган во редакцијата, изјавуваат очевидци и според нив тие извикувале „Алах е голем“. 

Редакцијата на „Шарли ебдо“ беше нападната со молотов коктел во ноември 2011 година, откако сатиричниот неделник објави карикатури на муслимански лидери и на пророкот Мухамед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...