ВИДЕО: Најмладиот од осомничените и се предаде на полицијата

Париз, 8 јануари 2015 (МИА) - Најмладиот од тројцата осомничени, кои се бараат од француската полиција поради вчерашниот крвав напад врз редакцијата на неделникот „Шарли ебдо“, 18-годишниот Хамид Мурад, и се предаде на полицијата.

Браќата Саид Куаши и Шериф Куаши

Според француската телевизија „и-Теле“, можно е Мурад да и се предал на полицијата бидејќи има алиби дека не е виновен. Негови пријатели тврдат дека во моментот на нападот тој се наоѓал во училиште. Полицијата ги проверува информациите.

По останатите двајца, браќата Саид Куаши (34) и Шериф Куаши (32), кои имаат алжирско потекло, но се родени во Париз, се уште се трага. Според анонимен извор, синоќа биле задржани на сослушување неколку лица блиски на двајцата браќа.

Шериф е џихадист, кој им е добро познат на антитерористичките служби. Полицијата објави фотографии од напаѓачите кои се во бегство и упати повик за соработка до очевидците на трагедијата, предупредувајќи дека тие се вооружени и многу опасни.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, кој вчера веднаш пристигна на местото на злосторството, го нарече нападот „исклучително варварски чин“.

Франција го зголеми нивото на терористичка закана до максимален степен и распореди над 800 дополнителни војници, кои ќе ги обезбедуваат медиумите, религиозни објекти, транспортот и други места, кои би можеле да бидат евентуална мета на напад.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...