Deutsche Welle

Цената на храброста

Смее ли сатирата сѐ? Каде се границите на слободата кога се работи за религијата? Овие прашања си ги поставуваат многумина по нападoт врз магазинот „Шарли Ебдо“. Но, тоа се погрешни прашања, смета Рајнер Траубе

Дозволено ли ѝ е се на сатирата? Каде се границите на слободата кога се работи за религијата? Овие прашања си ги поставуваат многумина по терористичкиот напад врз магазинот „Шарли Ебдо“. Но, тоа се погрешни прашања. Често споменуваниот цитат на Курт Тухолски: „Сатирата има граница кон горе...“ беше надминат по кавгата околу карикатурите на Мохамед. Цела деценија имавме време да го преиспитаме секој аргумент, да измериме, издиференцираме.

Не игра повеќе никаква улога тоа дали Шарли Ебдо со своите текстови и карикатури понекогаш пукаше надвор од целта. Масакрот од Париз не ја менува таа перспектива. Предолго се криевме зад дискусијата за прашањето: „Каде се границите на уметноста?“ и избегнувавме да се соочиме со вистинското прашање: дали сме подготвени да ја платиме цената на слободата? Убиените уредници во единаесеттиот париски округ имаа неверојатна храброст, ги издржаа сите закани и притисоци и едноставно ја работеа својата работа. Тие им одеа на нерви на француските политичари, ги поднесуваа критиките од колегите и живееја со заканата од смрт.

Кој ги штити храбрите?

Од денес знаеме да ја цениме храброста. И веќе се поставува следното непријатно прашање: Доколку убиствениот бес на фанатиците достигнува и до редакциските простории, кој ќе ги штити храбрите? Ќе има ли воопшто храбри? Непосредно по нападот во Париз некои редакции одлучија да ги замаглат чувствителните наслови на „Шарли Ебдо“. За секој случај. Да не се залажуваме, низ редакциите стравот одамна е присутен.

Но, се случи уште нешто. Кусо по атентатот луѓето ширум светот се солидаризираа со магазинот Шарли Ебдо. Со слоганот #Je SuisCharlie сигнализираат дека секој од нас е Шарли. Секој новинар, секој уметник. Секој кој јавно го изразува своето мислење. Тоа е колективниот дигитален протест кој од час во час станува се посилен. На сите сега ни се потребни такви акции против очајот. Меѓу другото, и за еден друг често користен цитат да не ја загуби својата смисла: „Не ми се допаѓа твоето мислење, но по секоја цена ќе го бранам твоето право да го искажеш“. Иако денес знаеме дека големиот просветител Волтер тоа и не го напишал буквално така, сепак бил во право!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...