Историски Марш против тероризмот во Париз

Париз, 11 јануари 2015 (МИА) - Над два милиона луѓе беа на Маршот на солидарноста во Париз и на собири ширум Франција против тероризмот и во знак на сеќавање со убиените во терористичките напади извршени во изминатите денови во францускиот главен град, јави дописникот на МИА од Париз.

На вчерашните спонтани протести во Франција имаше над 700 илјади луѓе.

Над 1,5 милион луѓе беа на Маршот на солидарноста во Париз додека над 600 илјади беа излезени на улици во други градови во Франција изразувајќи поддршка.

Историскиот марш го предводеше францускиот претседател Франсоа Оланд и уште околу 50-на светски лидери и претставници од голем број држави.

Во напад врз редакцијата на сатиричниот весник Шарли ебдо, минатата недела загинаа 12 луѓе, при киднапирање луѓе во еден супермаркет уште четири лица и во одвоен инцидент загина и француска полицајка.

Учесниците во Маршот со минута молчење на почетокот оддадоа почит за жртвите во терористичките напади, а потоа ги поведо аграѓаните собрани на Плоштадот на Републиката низ улици на Париз скандирајќи Шарли, Шарли.



Покрај Оланд, на Маршот учествуваа и германскиот канцелар Ангела Меркел, британскиот премиер Дејвид Камерон како и израелскиот лидер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот Махмуд Абас, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, турскиот премиер Ахмет Давутоглу...

На повикот на францускиот претседател да учествуваат на голема антитерористички протестен марш се приклучија и највисоки функционери во Европската унија и лидери на европски држави.

Оланд пред Маршот изјави дека Париз денеска е престолнина на светот.

Целокупната француската политичка класа се појави на улиците во Париз, освен Марин Ле Пен која манифестираше во провинциски град, а поранешните претседатели Валери Жискиар д’Естен и Жак Ширак поради здраствени причини не се појавија на маршот.

За безбедноста се грижат околу 2300 припадници на силите на редот, 24 мобилни единици на француските безбедносни сили, дваесетина екипи на Антикриминалната полиција, 56 екипи на мотоцикли.

Во француското Министерство за внатрешни работи се одржа состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ и САД, на кој се разговараше за зајакнување и координирање на мерките за борбата против тероризмот и радикалниот ислам. Америкканскиот министер за правда Ерик Холдер најави дека на 18 февруари во Вашингтон ќе се одржи меѓународен самит посветен на борбата против тероризмот.

Претходно, домаќинот Бернар Казенев, изјави дека главните европски земји се согласиле со САД да ја подобра соработката против тероризмот. Според Казенев, европските текстови за борба против тероризмот се недовоолни. Најавено е поголема контрола на надворешните граници на ЕУ, како и усвојување на европска листа за патници во воздухопловниот сообраќај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...