Меркел телефонски разговораше со Путин и Порошено

за Украина

Берлин, 26 јануари 2015 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин, при што повторно инсистираше за решавање на конфликтот во источна Украина, соопшти прес-службата на германската Влада.

Како што јави ДПА, Меркел во разговорот со Путин ја потенцирала потребата од избегнување на ново заострување на ситуацијата и ја повикала Русија да го искористи своето влијание врз сепаратистите.

Меркел претходно разговараше и со францускиот претседател Фрасоа Оланд и со украинскиот претседател Петро Порошенко, изразувајќи загриженост поради влошувањето на ситуацијата во југоисточна Украина и кршењето на спогодбата од Минск.

Во телефонскиот разговор со Порошенко Меркел изрази сочувство за жртвите во престрелката во Мариупољ, во која загинаа најмалку 30 цивили, а сто беа ранети.

Таа нападот го означи како јавно нарушување на договорениот прекин на огнот, кое со ништо не може да се оправда.

Меркел нагласи оти е потребно да се стори се за мирно решавање на ситуацијата и исполнување на договорот од Минск, склучен во септември.

Киев и проруските сили меѓусебно се обвинуваат за нападот во Мариупољ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...