Коморовски бара построги санкции кон Русија

Варшава, 26 јануари 2015 (МИА) - Полскиот претседател Бронислав Коморовски ја повика денеска ЕУ да размисли за воведување на построги санкции кон Русија поради ескалацијата на вооружениот конфликт во Украина.

- Одговорот на западните земји треба да биде многу построг, истакна Коморовски на прес-конференција во Варшава по артилерискиот напад во саботата врз украинскиот град Мариупољ, во кој загинаа 30 цивили.

Истовремено, Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека секој обид за зајакнување на економскиот притисок врз Русија поради насилството во Украина е „апсолутно деструктивен и неоправдан“.

- Наместо да се зголеми притисокот врз оние кои одбиваат да преговараат за мирно решавање на конфликтот, ние слушаме нови повици за економски санкции против Русија, нагласи Песков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...