Киев прогласи вонредна состојба во Источна Украина

Киев, 26 јануари 2015 (МИА) - Украинскиот премиер Арсениј Јацењук денеска прогласи вонредна состојба во Доњецката и Луганската област во источниот дел на земјата, поради ескалацијата на судирите со проруските сили, јавуваат украинските медиуми. 

Јацењук на седница на владата, исто така, нареди поради влошувањето на состојбата во источниот дел на земјата целата територија на Украина да биде во состојба на висока подготвеност, соопшти украинската Влада. 

Во Источна Украина изминатите неколку недели дојде до нагла ескалација на ситуацијата, вклучително гранатирање на Маријупољ за време на викендот, при што загинаа десетици луѓе. 

Амбасадорите во Украина и 28 земји членки на НАТО денеска ќе одржат вонредна седница на барање на Киев, на која ќе се разговара за најновите судири во Источна Украина. 

Освен тоа, вонредна седница на тема Украина е закажана и во ОБСЕ, како и во Советот за безбедност на ОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...