Орбан: Многу Унгарци за време на Втората светска воја извршија срамни дела

Будимшпешта, 26 јануари 2015 (МИА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека голем број Унгарци извршиле срамни дела за време на Втората светска војна.

Тој, на церемонијата за сеќавање на еврејските војници, кои загинале бранејќи ја унгарската граница за време на Првата светска војна, истакна дека треба да им се оддаде должната почит на Евреите, додавајќи оти 30 години подоцна Унгарија помогнала во нивната депортација.

Околу 430.000 од 1,3 милиони луѓе убиени во Аушвиц, се унгарски Евреи, се наведува на интернет-страницата за 70-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц, што утре ќе биде одбележана.

- Тоа е трагедија за унгарскиот народ и голема загуба за унгарската еврејска заедница. За време на Втората светска војна бевме индиферентни, кога требаше да помогнеме, многу Унгарци го избраа злото пред доброто, кои избраа да извршат срамни наместо дела достојни за почит, посочи Орбан.

Владата на Орбан минатата година откри споменик на жртвите од хитлертовската окупација на Унгарија, но еврејските групи истакнаа дека Владата ја прикртива улогата на Унгарија во холокаустот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...