Одбележување на 70-годишнината од ослободување на Аушвиц

Варшава, 27 јануари 2015 (МИА) - Околу 300 преживеани логораши од Аушвиц ќе учествуваат денеска на церемонијата во Полска по повод 70-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор.

Церемонијата ќе се одржи попладне во Меморијалниот центар крај Краков на местото на поранешниот логор.

На настанот ќе присуствуваат претседателите на Франција, Германија и Украина, Франсоа Оланд, Јоаким Гаук и Петро Порошенко, САД ќе бидат претставени од министерот за финансии Џејкоб Ли, а Русија од началникот на претседателската администрација Сергеј Иванов.

На церемонијата ќе учествуваат и кралот на Белгија Филип, придружуван од сопругата Матилда, кралот на Холандија Вилем Александар и кралицата Максима, како и дваесетина други претседатели или премиери.

Стотина поранешни затвореници од Аушвиц ќе дојдат од Израел, придружувани од претставници на израелската Влада.

На настанот нема да присуствува рускиот претседател Владимир Путин, а Москва појасни дека тој не бил официјално поканет.

Во пракса официјални покани воопшто не биле испраќани до политичките претставници, бидејќи раководството на меморијалниот комплекс „Аушвиц-Биркенау“ одлучи церемонијата да ја посвети на преживеаните заробеници, од кои повеќето денес имаат околу 90 години.

Според чешките медиуми, Путин нема да присуствува ниту на настанот, организиран во Прага од Европскиот еврејски конгрес, како и на церемонијата на местото на поранешниот концентрационен логор Терезин и покрај тоа што бил поканет од чешкиот претседател Милош Земан.

Федерацијата на чешките Евреи категорично се спротивстави на доаѓањето на Путин во Прага на 27 јануари, ден кој Обединетите нации го прогласија за Меѓународен ден во спомен на жртвите на Холокаустот.

Прес-службата на Кремљ соопшти дека Путин ќе учествува на настани посветени на жртвите на Холокаустот. Според соопштението, тој ќе го посети Еврејскиот музеј и центар на толерантноста во Москва.

Единици на советската армија го ослободија Аушвиц во јануари 1945 година, претходно во овој озлогласен концентрационен логор беа убиени 1,1 милион лица, претежно евреи од различни европски земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...