Ан Брасер е реизбрана за претседател на ПССЕ

Стразбур, 27 јануари 2015 (МИА) - Претседателката на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Ан Брасер синоќа беше реизбрана за втор мандат на чело на ова претставничко тело. Таа беше единствен кандидат за функцијата.

Брасер е член на Парламентарното собрание од 1993 година. Од 2009 година таа е шеф на групата Алијанса на либерали и демократи за Европа во ПССЕ. Во летото 2012 година, Брасер ја подготви резолуцијата за демократско предавање на власта во Тунис, која беше одобрена од ПССЕ.

- Изминатата година не беше добра за основните принципи, кои ги браниме во Европа. Станавме сведоци на нов бран терор и насилство во голем број европски земји, истакна Брасер во своето обраќање.

Претседателката на ПССЕ, исто така, изрази жалење дека во некои земји, кои се членки на Советот на Европа, цивилното општество е подложно на неприфатливи напади. Таа нагласи дека интелектуалци, хуманитарци и новинари, кои се меѓународно признати за свој придонес во слободата, се наоѓаат во затвор.

Мандатот на претседателот на ПССЕ е едногодишен со можност за еднократно продолжување за уште една година, така што во јануари 2016 година, Собранието ќе избере нов прв човек.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...