ЕУ се закани со нови санкции кон Русија

Брисел, 27 јануари 2015 (МИА) - Шефовите на држави или влади на 27-тe земји-членки на Европската унија денеска најавија заострување на санкциите против Русија, доколку Москва не ги осуди акциите на проруските сили и не почне со спроведување на договорот од Минск. 

Во заедничко соопштение на лидерите од ЕУ најостро се осудива артилерискиот напад на проруските сили врз приморскиот град Мариупољ, во кој загинаа најмалку 30 лица. 

- Постојат докази за континуирана и се поинтензивна поддршка од Русија на сепаратистите, што ја нагласува одговорноста на Русија, се наведува во заедничкото соопштение. 

Шефовите на држави или влади на 27-те земји-членки на Европската унија им дадоа инструкции на своите министри за надворешни работи на вонредната седница на Советот за надворешни работи на ЕУ в четврток да бидат разгледани неопходни акции, а особено нови рестриктивни мерки, кои ќе имаат за цел примена на договорот од Минск. 

Советот на ЕУ ќе даде конечен став за санкциите најавени на неформалниот самит во Брисел следниот месец.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...