Литвиненко бил убиен во третиот обид

Лондон, 27 јануари 2015 (МИА) - Поранешниот руски разузнавач Александар Литвиненко, кој побегна во Велика Британија и стана политички дисидент, бил убиен во третиот обид, пишуваат лондонските медиуми, повикувајќи се нови сознанија од истрагата за ова убиство од пред повеќе од осум години.

Ваквите откритија се појавуваат на почетокот од јавната истрага што почнува денеска во Лондон. Со истрагата во наредните девет недели ќе раководи судијата Роберт Овен, кој претходно раководеше со веќе започнатата коронерска истрага за причините на смртта на Русинот, кој пред да почине стана британски државјанин.

Литвиненко почина во болница на 23 ноември 2006 година како последица на труењето со радиоактивниот изотоп полониум. Две недели пред тоа, тој во лондонскиот хотел „Милениум“ се сретнал со своите двајца познаници од времето кога тројцата работеле за КГБ, Андреј Луговој и Дмитри Ковтун.

Веднаш по средбата Литвиненко се пожалил дека не се чувствува добро, а неговата здравствена состојба се влошувала, па бил префрлен во болница, каде и почина. Истрагата на Скотланд Јард утврди дека бил отруен со полониум, што му бил истурен во чајот што го испил со Луговој и Ковтун. Следејќи го трагот на полониумот, британската полиција заклучи дека изотопот го донеле тие двајцата и дека само тие можеле да го употребат, па за труењето беше осомничен Луговој.

Британските правосудни власти побараа тој да биде екстрадиран во Велика Британија за да биде сослушуван, но руските власти го одбија тоа, објаснувајќи дека според Уставот, државјани на Русија не може да биде испорачани за судење во странска земја. Луговој, кој во меѓувреме стана пратеник во руската Дума, како и Ковтун, кој не беше формално осомничен, ги отфрлаат обвинувањата за убиство на Литвиненко.

Јавната истрага сега треба да утврди кој навистина го отрул Литвиненко, кој по доаѓањето во Лондон стана остар критичар на политиката на рускиот претседател Владимир Путин, но почна да работи и за британската разузнавачка служба МИ6.

Работењето на политичкиот бегалец како разузнавач и во Велика Британија, првично беше демантирано, додека тоа не го потврди неговата сопруга Марина Литвиненко. Медиумите потоа открија дека Литвиненко соработувал и со тајните служби на Шпанија, Италија и Грузија, во една голема истрага на шпанското разузнавање, околу мрежата на организираниот руски криминал на шпанска територија.

Во меѓувреме, проториевскиот „Дејли Текеграф“ откри дека американската НСА ги снимила разговорите на Луговој и Ковтун додека биле во Лондон во времето кога беше отруен Литвиненко и снимките за нивната комуникација им ги предал на Британците.

Според весникот, кој се повикува на „извор во истрагата“, снимените разговори на двајцата Руси „дефинитивно потврдуваат“ дека зад убиството стои Русија. Овој извор рекол дека Литвиненко бил ликвидиран затоа што со истрагата што ја водел можело да го наруши угледот на претседателот Путин и да им „наштети на бизнис интересите на неговиот внатрешен круг“.

Марина Литвиненко уште додека нејзиниот сопруг беше на умирање го обвини Кремљ за труењето. Нејзиниот адвокат изјави денеска дека смртта на Александар Литвиненко е последица на „од државата спонзорирано нуклеарно убиство на улиците на Лондон“.

Јавната истрага доаѓа по долгата правна битка на вдовицата на убиениот, откако британската Влада се противеше на спроведувањето ваква истрага.

Премиерот Дејвид Камерон по изборната победа во мај 2010 година, настојуваше да ги поправи односите со Русија, кои беа сериозно нарушени со случајот на Борис Березовски и неговата анти-Путин активност во Велика Британија, а сосема „замрзнати“ по убиството на Литвиненко.

Британскиот премиер подоцна ја посети Москва на чело на голема бизнис делегација, па од опозицијата беше обвинуван дека во интерес на добрите економски и политички односи со Кремљ, не дозволува јавна истрага за убиството.

Позицијата се измени по настаните во Украина, откако официјален Лондон им се приклучи на САД и на ЕУ во воведувањето санкции кон Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...