Гаук: Аушвиц е дел од нашиот идентитет и нашата историја

Берлин, 27 јануари 2015 (МИА) - Германскиот претседател Јоаким Гаук порача денеска дека сеќавањето на Аушвиц го обликувал германскиот идентитет и водено ја обврзал земјата да ги штити правата на сите нејзини граѓани.

- Нема германски идентитет без Аушвиц. Сеќавањето на Холокаустот е работа на сите граѓани кои живеат во Германија. Тоа е дел од историјата на нашата земја, рече Гаук на комеморативна свеченост во Бундестагот по повод 70-та годишнина од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта.

Морална должност на Германија, како што истакна, е не само да се сеќава на минатото, туку и да ги штити и чува правата на човештвото и на секој поединец.

- Го велиме тоа особено во момент кога ние во Германија повторно мораме да се согласиме за соработката меѓу различни култури и религии, рече Гаук и додаде дека почитувањето на достоинството на поединецот и меѓусебната солидарност се неопходни за напредок на општеството.

На свеченоста во Бундестагот, покрај канцеларката Ангела Меркел, министри, присуствуваше и еден преживеан од логорот Аушвиц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...