ИД им се закани на Обама, Јордан, Јапонија и европските држави

Ќе дојдеме во Белата куќа и ќе ти ја отсечеме главата

Вашингтон, 28 јануари 2015 (МИА) - Припадниците на Исламска држава денеска емитуваа три нови видео-снимки, во кои се закануваат дека ќе ги убијат јорданските и јапонските заложници, но упатија и директна закана дека ќе го обезглават американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, јави телевизијата „Фокус њуз“.

Во едната видео-снимка тројца борци на ИД стојат над клекнат курдски борец кој му порачува на Обама дека ќе оди во САД.

- Обама знај дека ќе дојдеме во Белата куќа и таму ќе ти ја отсечеме главата, вели борецот.

Екстремистите исто така ги предупредуваат и евроските држави Франција и Белгија дека ќе извршуваат напади со автомобили-бомби.

Во посебна порака ИД се заканува дека ќе ги убијат јапонскиот заложник и јорданскиот пилот ако за помалку од 24 часа не ја ослободат терористката Саџиде ал Ришави од јордански затвор. 


Јапонскиот премиер Шинѕо Абе за видео-снимката на ИД изјави дека е „достојна за презир“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...