Амстердам, 29 јануари 2015 (МИА) - Маж со огнено оружје упадна вечера во холандската национална телевизија и побара да зборува во етер, по што беше уапсен, пренесе БТА.
По упадот на вооруженото лице, телевизијата НОС ја прекина програмата во 20 часот по локално време, објавувајќи соопштение дека запира со емитување.
Вооружениот маж набрзо потоа бил уапсен.
Засега не се соопштени повеќе детали за инцидентот.