Португалија ќе им дава државјанство на потомците на Евреите Сафариди

Лисабон, 30 јануари 2015 (МИА) - Португалската Влада усвои пакет мерки со кои им се овозможува правото на државјанство на потомците на Евреите протерани од Португалија пред повеќе од 500 години.

Кон крајот на 15. век, многу Евреи Сафариди биле присилувани да ја прифатат христијанската религија или се убивани или протерани од Португалија. Тоа прво почнало во соседна Шпанија, а потоа се проширило и во Португалија, па се верува дека од Пиринејскиот Полуострив насилно се протерани стотици илјади Евреи Сафариди.

Во потрага по нив дом и сигурност, тие се раселиле низ цела Европа се до Балканот, додека другите заминале за Америка.

Парламентот во Лисабон уште пред две години усвои посебен законски текст, со кои беа променети прописите за добивање португалско државјанство, но од тогаш се чекаше на посебните мерки од Владата.

Според новите владини мерки, потомците на португалските Евреи-Сафариди кои ќе го докажат своето потекло, ќе може да аплицираат за добивање државјанство и пасош на Португалија.

Потеклото ќе може да се докажуваат преку комбинација од презимето, јазикот што се зборувал во семејството и низ евиденцијата на директниот потомок.

Евреите живееле на територијата на која сега се наоѓа државата Португалија уште пред да се формира португалското кралство во 12. век. Еврејската заедница во земјата, што некогаш броела десетици илјади Евреи, сега има едвај илјада лица. Сите се Евреи Ашкенази, чии корени се од Источна Европа.

Ваков закон подготвува и Шпанија, но засега е непознато кога Владата во Мадрид ќе се согласи тој да биде донесен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...