Стоп за муслимански проповедник во Шведска кој се залага за смртна казна со каменување

Гетеборгм 30 јануари 2015 (МИА) - Радикалниот муслимански проповедник Хаитам Ал-Хадад, нарекуван „проповедник на омраза“ и познат по своите изјави за Евреите, женското обрежување, хомосексуалците и шеријат законите, е поканет да одржи предавање утре во шведската општина Сигтуна близу Стокхолм, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Ал-Хадад е поканет од страна на здружението Mлади муслимани на Мерста кои на својата фејсбук страница пишуваат дека со големо задоволство го поканиле споменатиот проповедник да одржи предавање, меѓу другото, за „муслиманскиот идентитет и за рамнотежата меѓу Исламскиот шеријат и западното општество“.

Контроверзниот Хаитам Ал-Хадад, кој живее во Велика Британија, многупати досега бил оспоруван, меѓу другото и поради неговата одбрана на казнувањето со каменување при брачно неверство.

– Тоа е еден вид казна која се користи и за жени и за мажи. Не сум рекол дека треба да се користи единствено за жени, така што доколку брачното неверство е извршено од страна на некој маж, тој би требало да биде каменуван до смрт, вели Ал-Хадад во една изјава на Јутјуб.

Предавањето беше планирано да се одржи во просториите на општина Сигтуна, но откако општинското раководство добило информации околу проповедничките активности на Ал-Хадад, одлуката е повлечена и предавањето откажано.

– Таков тип на предавачи и неговите погледи околу, на пример, Евреите и хомосексуалците не се во согалсност со договорот што го имавме во врска со изнајмувањето на нашите простории, вели за Шведската телевизија Ана Јернберг Карлсон, одговорна за контакти со медиумите при општина Сигтуна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...