Русија ги отфрли британските обвинувања за „нарушување„ на цивилната авијација

Лондон, 30 јануари 2015 (МИА) - Русија ги отфрли британските обвинувања дека нејзините воени авиони кои патролираат во меѓународниот воздушен простор, предизвикуваат „нарушување“ на цивилната авијација.

Во официјално соопштение, рускиот амбасадор во Лондон Александар Јаковенко  вели дека Русија „не ја разбира загриженоста“ на Британија.
„Станува збор за рутинска работа која не е закана, ниту претставува нарушување на летовите на цивилните авиони“, објаснува тој.
 
- Патролирањето на руските воени авиони е во согласност со меѓународните правни норми, изјви рускиот амбасадор Јаковенко.
 
Реакцијата на руската амбасада доаѓа по соопштението на британскиот Форин Офис за „инцидентите“ што ги прават руските воени авиони, летајќи близу до британскиот воздушен простор.Според Министеството за надворешни работи во Лондон, ваквите инциденти стануваат се почести.
 
Последниот инцидент се случил пред два дена, кога два руски бомбардери од типот ТУ-95, на Западот познати како „Мечки“ се приближиле на само 40 километри од британскиот воздушен простор.
 
Авионите дошле од север, поминале покрај западниот брег на Ирска, минале низ каналот Ламаш и се вратиле од таму од каде првпат се појавиле во реонот, близу до Велика Британија.
 
Во соопштението на Форин Офисот се вели дека авиони „Тајфун“ од британското воено воздухопловство (РАФ) полетале од две воени бази во Англија, за да го следат летањето на руските бомбардери. Целата операција на следење траела околу 12 часови.
 
Амбасадорот Јаковенко во соопштението на руската амбасада открива дека тој имал средби со британски функционери и разговарал околу ова прашање.
 
Ова не е прв ваков случај и тие значително се зголемија, по избувнувањето на кризата во и околу Украина, како и по нарушувањето на односите меѓу Западот и Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...