Џихадист со косовско потекло осуден за членство во „Исламска Држава“

Берлин, 30 јануари 2015 (МИА) - Судот во Франкфурт пресуди 3,9 години затвор за германски државјанин поради членство во забранетата организација „Исламска Држава“, јавува дописникот на МИА од Берлин. 
 
Во првиот судски процес од овој вид Крешник Бериша (20) кој е роден во Германија, во семејство доселеници од Косово, ја избегнал највисоката казна затоа што признал дека минал шест месеци со единици на ИД во Сирија. Тој бил уапсен на аеродромот во Франкфурт по враќање од Сирија и се борел во градот Алепо каде загинаа и неколку македонски државјани во битките против силите на претседателот Башар ал Асад. Според израелските медиуми Бериша до пред три години играл фудбал за младинскиот еврејски клуб Макаби од Франкфурт.
 
Делото за кое Бериша добил казна од вкупно 45 месеци е придружување на странска терористичка организација а на листата на забранети организации од овој тип во Германија се и Ал Каеда и курдската партија ПКК.
 
Германските власти веруваат дека повеќе од 500 Германци биле дел од радикални терористички органзации во Ирак и Сирија. Според западните агенции,  60 од нив умреле во самоубиствени напади а над една третина се веќе вратени во Германија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...