Шестмина полицајци повредени на протестите во Виена

Виена, 31 јануари 2015 (МИА) - Шестмина полицајци се повредени на синоќешниот протест во Виена на левичарите против „Балот на академици“, на кој учествуваат десничарски студетски организации и политичари.

Австриската полиција соопшти дека по повод „Балот на академици“ биле пријавени 23 протести, од кои 10 биле забранети врз основа на законот за право на собирање.

Околу 5.000 лица маршираа, главно мирно, низ центарот на градот во рамки на одобрените протести, пренесува Танјуг.

Припадниците на левицата, иако главниот протест им беше забранет, со собраа во градот за да демонстрираат против овој бал и десницата. Тие со блокади се обидуваа да ги спречат гостите на балот да дојдат до палатата Хофбург, каде се одржа балот.

Првите демонстрации минаа мирно, но за време на ноќта дојде до судири со полицијата. Според полициското соопштение, биле фрлани пиротехнички средства. Сепак полицијата додава дека ниту еден гостин на оваа манифестација не е повреден, дополнувајќи дека влегувањето на гостите на балот било обезбедено. Но во одделни делови на центарот на Виена учесниците на протестот ги блокираа улиците кои водат до палата, а имало и вандалско однесување.

Полицијата уапси 54 лица и поднесе околу 150 пријави поради кршење на законот. На повеќе места демонстрантите се обиделе да ги пробијат поставените блокади, а според полицијата, ги дупеле гумите на паркираните возила. Запленети се 58 забранети предмети - оружје, пиротехнички средства, ножеви и наркотици. Во соопштението од полицијата се наведува дека биле повредени шест полицајци кои биле на должност.

„Балот на академици“ го обезбедуваа околу 2.500 полицајци. Станува збор за традиционална манифестација на која присуствуваат десничари, припадници на австриските студентски здруженија, кои се со екстремно десна ориентација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...