Антигрчка „селфи“ кампања во Германија

Берлин, 26 Февруари 2015 (МИА) - „Не - нема веќе милијарди за алчните Грци“ е насловот на кампањата против продолжување на финансиската помош за Грција организирана од весникот Билд, јави дописникот на МИА од Берлин.

Еден ден пред клучното гласање во германскиот парламент кој треба да даде согласност за договорот за четиримесечно продолжување на аранжманот со Грција најтиражниот германски весник со 2,5 милиони продадени копии дневно започна кампања која треба да ги убеди јавноста и политичарите да запрат со давање помош на Грција.

Весникот кој кај голем дел од јавноста има имиџ на таблоид ги повикува сите германски граѓани да се сликаат со страницата на која стои пораката „Не - нема веќе милијарди за алчните Грци“ и истата да ја испратат во редакцијата на Билд. Досега редакцијата добила илјадници „селфи“ фотографии сликани на различни локации и од читатели со различни професии. Според тест - гласањето што се одржа денеска во германскиот парламент договорот што Еврозоната го направи со Грција лесно ќе добие поддршка затоа што само 22 пратеници од најбројната германска партија ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел ќе гласаат против. Голем дел од аналитичарите сметаат дека кампањата сепак може да влијае на поларизираната  јавност во Јуни кога завршуваат четирите месеци што Еврозоната и ги даде на Грција како период на премостување до изнаоѓање трајно решение. Германското здружение на новиннари веднаш ја осуди кампањата на Билд нарекувајќи го „булеварски весник“ и коментирајќи дека објавувањето на антигрчкиот постер и именувањето на сите Грци како алчни е прекршување на етичкиот кодекс кој не дозволува цела нација да биде навредувана поради политичките грешки на своите политичари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...