„Независимаја газета“: Армијата од невработени во Русија може да достигне 2,4 милиони лица

Москва, 27 февруари 2015 (МИА) - Над два милиони лица бараат работа во Русија, а секоја недела 20 илјади невработени бараат помош од државата пишува, весникот „Независимаја газета“. 

Весникот се повикува на податоци, објавени од Министерството за труд и социјална заштита.

- Доколку нема промени во ситуацијата армијата од невработени во Руската Федерација може да се зголеми на 2,4 милиони лица, како што беше при претходната криза. Освен тоа статистиката претставува просек за целата земја и ги маскира локалните проблеми, а во одделни региони отпуштањата на неколкју илјади лица може да предизвика вистински потрес, додава весникот.

Според Министерствотото до 18 февруари во Русија имало речиси 960 илјади невработени.

Експертите прогнозираат и раст на лицата со скратено работно време, а лидерот на Федерацијата на независни синдикати во Русија Михаил Шмаков очекува до крајот на годината бројот на таквите лица да достигне три милиони. 

Најголем е ризикот за руските компании во автомобилската индустрија, како и секторот за производство на други превозни средства.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...