Над 25.500 Египќани избегале од Либија по масакрот на 21 копт од страна на ИД

Каиро, 27 февруари 2015 (МИА) - Повеќе од 25.500 Египќани се вратиле во татковината од Либија, откако на 15 февруари беше соопштено за обезглавувањето на 21 копт (египетски христијани) од страна на припадници на групацијата Исламска држава, соопштија денеска египетските власти. 

По масакрот на христијаните Каиро ги повика Египќаните да ја напуштат Либија. Египетските воено-воздухопловни сили извршија напади врз позиции на џихадистите во Либија, а Каиро повика за меѓународна воена интервенција. 

Египетското Министерство за надворешни работи посочи дека 21.407 египетски граѓани го преминале граничниот премин Салум на границата меѓу Либија и Египет. Други 4.122 се вратиле преку Тунис со чартер летови, изнајмени од египетските власти.

Вкупниот број Египќаните, кои живеат во Либија не е познат, но се смета дека има неколку десетици илјади, а можеби и стотици илјади. Повеќето од нив работат во градежништвото или како занаетчии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...