Вдовицата на убиен британски заложник бара „Џихадистот Џон“ да биде фатен жив

Лондон, 27 февруари 2015 (МИА) - Вдовицата на Британецот Дејвид Хејнс, кој беше брутално ликвидиран од припадникот на ИД познат по прекарот „Џихадистот Џон“, побара убиецот на нејзиниот сопруг да биде најден и фатен жив.

Драгана Хејнс за Би-Би-Си изјави дека последната работа што би ја сакала е џихадистот да има „чесна смрт“ и да биде убиен во некаква борбена операција.

- Овој убиец треба да биде заробен и изведен на судење за да одговара за своите злосторства и за бруталните убиства врз невини луѓе, изјави сопругата на Хејнс, кој беше ликвидиран со отсекување на главата.

„Џихадистот Џон“ беше прикажуван на сите видео снимки на ИД направени со нивните жртви-западни заложници кои беа егзекутирани некаде на територијата под контролата на групата Ислсмска држава.

Тој прекарот го има добиено според името на поранешниот „Битлс“, Џон Ленон, што заедно со неговот британски акцент на кои укажаа малкумината заложници кои беа ослободени, наведе на претпоставка дека станува збор за некој кој е роден или подолго време живеел во Велика Британија.

Лондонските медиуми вчера го открија неговиот вистински идентитет тврдувајќи дека зад прекарот „Џихадистот Џон“ се крие британскиот муслиман Мохамед Емвази, роден во Кувајт, но израснат и образуван во Лондон во семејство кое и припаѓа на средната класа.

Медиумите открија дека британското контраразузнавање се интересирало за него и за неговото однесување, но не се знае како и каде се радикализирал и како се префрлил во Сирија за да стане припадник на ИД. Познато е само дека во 2009 година дипломирал на лондонскиот Вестминстер Универзитет.

Емвази беше присутен на сите видео материјалите што ИД ги емитуваше за бруталните убиства на западните заложници како Дејвид Хејнс, американскиот новнар Џејмс Фоли, Стивен Сотоф, британскиот таксист и хуманитарец Ален Ханинг и американскиот хуманитарен работник Абдул Рахман-Касинг.

Сите заложници беа убиени со отсекување на главите, а Мохамед Емвази - „Џихадист Џон“ беше дел во сите егзекуции.

Ќерката на Дејвид Хејнс за лондонската телевизија Ај-Ти-Ви изјави дека сите семејства на жртвите на Емвази ќе може да го најдат својот мир, само тогаш кога тој ќе „добие куршум меѓу двете очи“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...