Лисенко: Во изминатите 24 часа убиени тројца украински војници во Источна Украина

Киев, 27 февруари 2015 (МИА) - Тројца украински војници се убиени во Источна Украина во текот на изминатите 24 часа, соопшти денеска украинската армија. 

- Во текот на вчерашниот ден загинаа тројца украински војници, а седум се повредени, изјави портпаролот на украинската армија Андреј Лисенко, без да објави повеќе детали.

Информацијата на најнови жртви доаѓа откако примирјето постигнато во Минск на 12 февруари почна конечно да се применува од двете страни, што резултираше со прекин на крвопролевањата во кои од април минатата година животот го загубија најмалку 5.800 лица. 

Според Лисенко, борбите со проруските сили се прекинати на повеќе фронтови, но се уште има судири во села околу аеродромот во Доњецк.

- Проруските сили користат артилерија, гранати и тенкови во обид да ги заземат нашите позиции, истакна Лисенко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...