Го поддржувам проширувањето на ЕУ, наспроти заморот што постои

Потпретседателката на Европскиот парламент Улрике Луначек изјави денеска дека го поддржува проширувањето на ЕУ, наспроти заморот што постои и кај населението и кај владите на многу земји-членки на Унијата, пренесе Танјуг.

Луначек за српскиот весник „Курир“ вели дека стремежот на целокупниот Западен Балкан кон демократска, политичка, социјална и економска стабилност, е главната цел на процесот на проширување.

- Без интеграција на сите држави од Западен Балкан, мировниот проект на ЕУ нема да биде целосен, додаде Луначек.

Таа, во интервју за српски „Курир“ истакна оти ја поттикнува посветеноста на српската Влада во процесот на европските интеграции, како и на Србија да продолжи систематски со социо-економските и правосудни реформи, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата.

Луначек оцени дека нормализираните односи со Косово и на крајот и признавањето на Косово ќе бидат услов за влез на Србија во ЕУ, истакнувајќи дека за такво нешто не постои никаков документ, но оти тоа е „политички консензус“.

- ЕУ веќе никогаш нема да прифати нова членка која нема јасно одредени и меѓународно признаени граници, како што стори со Кипар, рече таа“.

На прашањето дали очекува разјаснување на случајот со трговијата со човечки органи на Косово, Луначек одговори потврдно, напоменувајќи оти обвиненијата се тешки и оти јавноста бара да знае што е вистина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...