Националниот фронт најверојатен победник на департманските избори во Франција

Париз, 2 март 2015 (МИА) - Tри недели пред првиот круг од департманските избори во Франција, сите политички партии се обидуваат да изградат стратегија како да се соочат и да ја „ублажат“ најавуваната победа на екстремно десничарскиот Национален фронт (ФН) на Марин Ле Пен, јави дописникот на МИА од Париз.

Според последното испитување на јавното мислење направено од институтот Одокса за весникот „Паризиен/Ожурдуи ан Франс“ објавено денеска, Националниот фронт може да очекува 33 отсто од гласовите, пред умерените партии од десницата и центарот, Унијата на народното движење (УМП) и Унијата на демократи и независни (УДИ), кои заедно ја имаат наклонетоста на 27 проценти од гласачите. Владејачката Социјалистичка партија (ПС) се наоѓа далеку зад нив со 19 отсто од гласовите.

Истовремено, во едно друго испитување за весникот „Журнал ди Диманш“, ФН и блокот на УМП и УДИ ја имаат наклонетоста на по 29 отсто од гласачите. 

Владејачките социјалисти очекуваат пораз на изборите и сега само се надеваат дека ќе го ублажат, додека пак УМП, предводена од повратникот Никола Саркози, се надева да освои 60 отсто од француските департмани.

Тој најавува истовремено намалување на државните трошоци и на даноците, алтернативна политика свртена кон претпријатијата. Во интревју за денешниот број на „Фигаро“, Саркози најавува укинување на данокот на богатството, враќање на дефискализираните часови на прекувремените работни часови и незаменување на секој втор функционер во јавната администрација на територијалните заедници, што е еден вид на предпрограма пред изборите во 2017 на национално ниво.

За департманските избори, кои се предвидени на 22 и 29 март, Никола Саркози повикува на „корисно гласање“.

- Да се гласа за Националниот фронт во првиот круг, тоа значи дека ќе победи левицата во вториот. Тоа е ФНПС (Национален фронт -Социјалистичка партија). Да се галса за УМП тоа значи дека нема да победи левицата. Да се галса ФН, тоа значи победа на левицата. Единствената изборна реалност е ФНПС, вели Саркози, правејќи пародија од скратеницата УМПС, која ја користи Националниот фронт за да покаже дека УМП и ПС се едно исто.

Националниот фронт може да се надева на идните избори да освои четири департмани, Воклуз, Пад де Кале, Енм, кои сега ги раководи левицата, како и Вар, кој е во рацете на десницата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...