Две милијарди муслимани може да ја победат евро-американската цивилизација

Прага,  5 март 2015 (МИА) - Чешкиот претседател Милош Земан ја искритикува постапката на земјите на Европската унија против радикалните исламисти, изјавувајќи дека според него членките на „исламскиот тероризам" реагираат исто како против нацизмот на Хитлер во 30-тите години на минатиот век.

- За жал земјите на ЕУ реагираат слично како против нацизмот, со протести, собири, демонстрации и тоа е сè, рече Земан. 

Претседателот на Чешка, како што јави дописникот на МИА од Прага, повтори дека поддржува координирана акција од страна на Меѓународната заедница.

- Исламот и особено неговата радикална верзија има за цел сите неверници да ги принуди да се исламизираат, или да ги претворат во робови, додаде Земан.

Тој ја окарактеризира пропагандата на Исламската држава (ИД) како експлозивна мешавина која егзистира во 14. век, но ги има социјалните мрежи на располагање.  

Според Земан, западните земји не смеат да ја повторат политиката на попуштање и кукавичлук пред каква било  форма на тоталитарна идеологија, посебно онаа која има корени на верска омраза. 

- Две милијарди муслимани може да се дигнат во верска револуција и да ја поразат евро-американската цивилизација, рече Земан. 

- Ако во 1936 година го запревме Хитлер, немаше да постојат Минхенскиот договор, Холокаустот, ниту Втората светска војна. Тогаш бевме кукавици и ако се покажеме пак, последиците ќе бидат слични, оцени Земан, повикувајќи на што побрза интервенција на западните земји против ИД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...