Испраќањето НАТО војници во Украина моментално не е на дневен ред

Хелсинки, 5 март 2015 (МИА) - Испраќањето на НАТО војска во Украина во моментот не е на дневен ред, изјави за финската телевизија МТВ3 генералниот секретар на организацијата Јенс Столтенберг, кој од вчера се наоѓа во дводневна посета на Финска, јави ТАСС. 

- Испраќање на НАТО војска во Украина не е на дневен ред. Ние нудиме на Украина сериозна политичка и практична помош. Го поддржуваме нејзиниот суверенитет и мировен процес, исполнувањето на договорот од Минск, како и помош во реформирањето и модернизирањето на украинските вооружени сили со цел зголемување на одбранбената способност на земјата, изјави Столтенберг. 

Секоја земја членка на Алијансата сама треба да реши дали ќе достави оружје на Украина, истакна тој. - Украина има право да се брани. Но, за доставата на оружје треба да реши сама секоја од земјите членки, истакна генералниот секретар на НАТО. 

Ситуацијата со примирјето во Украина е „многу кревка“, но како целина режимот за прекин на огнот се почитува, констатира Столтенберг, додавајќи дека треба да се направи се, за што постои капацитет, за да се дојде до мирно, политичко решение на конфликтот и основа за трајно примирје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...