Данска со претензии кон јужна Шведска

Гетеборг, 6 март 2015 (МИА) - Данска сака да ја лансира јужната шведска област Сконе како дел на регионот околу данската престолнина Копенхаген, јави допсиникот на МИА од Гетеборг.

Таквите дански заложби се објаснуваат како обид Копенхаген да добие подобра конкурентна позиција во однос на други сити-дестинации.

Со вклучување на областа Сконе, во која најголем урбан центар е Малме, во еден поширок регион кој градоначалникот на данската престолнина Франк Јенсен го нарекува Голем-Копенхаген, се смета дека подобро би можел да се профилира регионот, пишува британскиот „Гардијан“.

Градоначалникот Јенсен изразува и уверување дека на таков начин би се создал и „заеднички идентитет зад кој би можел да застане целиот регион“.

Големината игра улога, истакнува Франк Јенсен во интервју за „Гардијан“.

Данците ваквите заложби ги нарекуваат соработка и сметаат на подрршка од страна на Швеѓаните.

Економскиот раст во источна Данска и во јужна Шведска е значајно понизок во споредба со Стокхолм, Амастердам и Хамбург, според еден неодамна презентиран дански извештај.

Во споменатиот извештај се посочува Голем-Копенхаген како можна нова метропола, која би претставувал магнет за инвестиции и иновации, доколку, се разбира, оваа иницијатива добие неопходна поддршка за да стане реалност.

Покраината Сканија во јужна Шведска, која се соовпаѓа со денешната област Сконе, во средновековниот период, се до почетокот на 18-от век, била повод за чести шведско-дански војни. Данската круна дефинитивно и ја препуштило таа област на Кралството Шведска во 1710 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...