ИД од трговијата со дрога заработува приближно една милијарда долари

Москва, 6 март 2015 (МИА) - Групата Исламска држава добива приближно една милијарда долари од трговијата со дрога преку нејзина територија, изјави денеска директорот на руската Федерална служба за контрола врз наркотиците Виктор Иванов.

Тој тврди дека се прошируваат површините со афион од кој се добива опиум и хероин.

- Затоа проблемот треба да се решава не само во Москва туку и во ОН, бидејќи тоа е закана не само по нашата земја, туку и по Европа. Во последните пет години се подели балканската маршрута, хероинот поминува не само преку Балканот туку и по територијата на Ирак, посочи Иванов.

Тој тврди дека транзитирањето на авганистанскиот хероин низ територијата контролирана од ИД, на џихадистичката група и носи голема финансиска добивка.

- Според наши пресметки ИД добива приближно една милијарда долари од авганистанскиот хероин, кој поминува низ нивна територија, наведе Иванов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...