САД замрзнаа 640 милиони долари на три руски кредитни организации

Њујорк, 6 март 2015 (МИА) - По воведувањето на санкциите САД „замрзнаа 640 милиони долари руски пари“, пишува „Вол Стрит Џорнал“.

Според наводите на весникот, замрзнати се активите на три руски кредитни организации - „Банката на Русија“, „Собинбанк“ и „СМП Банка“.

Првото руско правно лице кое се најде под удар на санкциите по анексијата на Крим во составот на Русија беше „Банката на Русија“.

Американските власти тврдат дека „ги замрзнале“ активите на банката бидејќи припаѓаат на Јуриј Коваљчук, кој е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.

Затоа под санкциите се најдоа и „СМП Банка“, на браќата  Аркадија и Борис Ротенберг, кои, според весникот, исто така влегуваат во „блискиот круг“ на рускиот претседател.

На замрзнатите руски сметки во „Собинбанк“ во САД беа 572 милиони долари, што во 2013 година претставуваше, како што пишува весникот, приближно десет отсто од вкупниот имот на кредитните организации.

Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд во петокот изјави дека Европската унија ќе подготви нови санкции против Русија, што многу брзо ќе бидат воведени во случај на прекршување на договорениот прекин на огнот во Украина.

-ЕУ ќе остане единствена за прашањето на санкциите што мора да останат во сила се додека во целост не се спроведе спогодбата од Минск, изјави Хамонд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...