Тајното оружје на Путин

Русија го развива воениот транспортен авион „ПАК ТА“, од новата генерација

Москва, 20 март 2015 (МИА) - Русија се подготвува да го произведе новиот суперсоничен транспортен авион „ПАК ТА“, со чија помош во најкраток рок ќе може на која било точка на планетата да се превезат војници и воена техника, вклучувајќи и тенкови со соодветната муниција.

Новиот авион, што ќе биде произведен до 2024 година, ќе лета со суперсонична брзина од околу 2.000 километри на час и ќе може да пренесе 200 тони товар. 

Авионот ќе може да остане во воздух седум часа без дополнување на гориво, а максималната должина на летот ќе достигнува 7.000 километри. Во него ќе биде овозможено автоматско товарење на стоки и војници на повеќе нивоа.

Леталото ќе може и да исфрла товар од воздух што на војската ќе и овозможи да распоредува единици на каков било  терен, пренесува Спутњик.

Според најавите од московската Воено-индустриска комисија, неколку десетици транспортни авиони од новата генерација ќе можат да пренесат 400 најнови тенкови „армата“.

Руски воени стручњаци сметаат дека со паралелниот развој на мрежата од воени бази на Блискиот исток, Латинска Америка и југоисточна Азија, за кои, исто така, се очекува  да бидат завршени до 2024 година, очигледно е дека Русија ќе биде подготвена за интерконтинентални борби, наведува Спутњик.

Програмата „ПАК ТА“ подразбира изработка на 80 нови транспортни авиони до 2024 година, што значи дека за 10 години Руската централна воена команда ќе може да распореди свое тешко вооружување на било која точка од планетата.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...